Хроника
МВР: Мигранти пронајдени близу граничната линија со Грција, едно лице повредено од огнено оружје
Во близина на граничната линија со Грција, денеска околу 1:30 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин – Богородица биле пронајдени три лица – мигранти од Авганистан, кои биле спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
- Бидејќи едно од лицата имало повреда на раката, било пренесено во Итна медицинска помош, каде му била укажана помош и лекар констатирал дека повредата е од огнено оружје – информираа од МВР.
Како што се додава во соопштението, се преземаат мерки за расчистување на настанот.
август 7, 2026
