Скопје
Општина Ѓорче Петров издвојува 2.720.000 денари за културни проекти во 2026 година
Општина Ѓорче Петров ќе обезбеди 2.720.000 денари за поддршка на проекти од областа на културата во 2026 година, преку Јавниот повик за финансирање на културни програми и иницијативи.
Со предвидените средства, како што информираат од локалната самоуправа, ќе биде реализирана разновидна културна програма наменета за сите генерации, со цел збогатување на културниот живот во општината и поттикнување на креативното изразување.
Во рамки на програмата се предвидени концерти под отворено небо, театарски претстави, кино под отворено небо, изложби, креативни работилници, базари, фестивалски содржини и други културни настани што ќе ги оживеат јавните простори и ќе создадат нови можности за дружење, творештво и културно изразување.
Од Општина Ѓорче Петров посочуваат дека остануваат посветени на развој на динамична културна сцена, поддршка на локалните иницијативи и создавање можности за достапна култура и активен јавен живот за граѓаните
јули 31, 2026
