Connect with us

Сервисни информации

Забранета водата за пиење од изворите во Елшани и Велестово поради присуство на бактерии

Водата од изворите во охридските села Елшани и Велестово не смее да се користи за пиење, информираат од Центарот за јавно здравја од Охрид.

Извршените лабораториски анализи на Центарот покажале присуство на E.coli и колиформни бактерии во водата.

Со донесеното решение се забранува користење на водата за пиење, а месните заедници во Елшани и Велестово се задолжени да постават јасни и видливи предупредувања дека водата не е безбедна за консумирање.

Од Центарот за јавно здравје во Охрид апелираат до населнието да ја почитува забраната до добивање нови информации за исправноста на водата.