Хроника
Во двор во Куманово фрлена експлозивна направа
Триесетгодишен кумановец вчера пријавил во СВР Куманово дека во дворот од неговата куќа на улицата Бајрам Шабани била фрлена експлозивна направа.
Пријавата била поднесена во 14:35 часот, по што полициска екипа извршила увид на местото на настанот. На терасата од куќата била пронајдена експлозивната направа, додека во дворот била пронајдена безбедносна рачка, за која се претпоставува дека потекнува од направата.
Од СВР Куманово информираат дека припадници на Единицата за откривање и деминирање на експлозивни средства и направи при Министерството за внатрешни работи безбедно ја подигнале направата за понатамошна обработка.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
јули 30, 2026
