Connect with us

Хроника

Стружанец со 2,5 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна, приведен во полиција

Стружанец со 2,50 промили алкохол во кртва предизвикал сообраќајна незгода, 30 минути по полноќ полицијата го привела, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, ноќеска, 30 минути по полноќ на улицата „Партизанска“ во Струга, полициски службеници го лишиле од слобода Е.А.(36) од Струга. 

– Претходно, тој со  патничко возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, предизвикал сообраќајна незгода. По преземени мерки, полициските службеници кај него констатирале 2,50 промили алкохол во крвта по што веднаш е исклучен од сообраќај, стои во соопштението. 

Возилото, како што е наведено, било одземено и по целосно документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.