Connect with us

Свет

Финска затвори дел од својот воздушен простор поради ризик од заскитани украински дронови

Финската војска денеска објави дека затворила дел од воздушниот простор над земјата и го ограничила поморскиот сообраќај во близина на јужниот брег, во близина на границата со Русија, поради ризик од заскитани дронови во областа.

Британските медиуми пренесуваат дека украински дронови, лансирани кон Русија, неколку пати во текот на годинава заскитаа кон воздушниот простор на Финска, Естонија, Летонија и Литванија.

Финска ги презема овие чекори „за да обезбеди властите да можат да дејствуваат во случај дронови да заскитаат во областа, што вклучува безбедни контрамерки и безбедност на присутните“, изјави портпарол на војската.

Украина ги интензивираше нападите врз руски цели со дронови со долг дострел, а оваа земја и членките на НАТО веруваат дека руското попречување на сигналите довело до пренасочување на некои украински дронови во воздушниот простор на воената алијанса.

Москва ја обвинува Украина за намерно насочување на дронови преку границата.