Connect with us

Архива

Лишени од слобода крадци во Стар Дојран, украденото ќе биде вратено на сопственикот, следува пријава

Полициски службеници вчера уапсиле двајца крадци во Стар Дојран откако одзеле пари од маркет – соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Вчера во 17:15 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија ги лишија од слобода Х.М.(21) и 17-годишен малолетник од Скопје. Тие истиот ден од каса на маркет во Стар Дојран одзеле пари, кои се пронајдени кај нив и одземени. Известени се јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и Центарот за социјални работи Гевгелија – се наведува во соопштението од Министерството.

Од МВР најавуваат дека по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ad
Ad