Connect with us

Хроника

Машиновозач повреден при судир на локомотиви на Железничката станица во Велес

Дваесет и седумгодишен машиновозач од Велес е повреден при судир на две локомотиви што се случил вчера околу 03:00 часот на Железничката станица во Велес, информираат од СВР Велес.

Според полицијата, несреќата се случила околу 3 часот при премостување на влечните локомотиви од еден на друг колосек, кога една локомотива удрила во друга паркирана локомотива, во која се наоѓал машиновозачот Т.Р. (27) од Велес.

Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар при Општата болница во Велес, каде што му биле констатирани телесни повреди.

Од СВР Велес информираат дека околу 4 часот добиле пријава од болницата за настанот, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес. За причините за несреќата се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Ad
Ad