Фудбал
СП 2026: Јапонија го победи и исфрли Тунис од Мундијалот
Фудбалерите на Јапонија постигнаа победа од 4:0 во вториот дуел од Ф против Тунис и на тој начин денешниот противник го исфрлија од шанса за пласман во следната рунда. Јапонија на овој начин се изедначи на табелата со Холандија со по 4 бодови.
Со голот на Даичи Камада во 4.минута Јапонците поведоа, а Ајасе Уеда во 31.минута го постигна својот прв гол на натпреварот (втор за неговата репрезентација). И во второто полувреме Јапонија постигна два гола. Јунја Ито во 69.минута зголеми на 3:0, а Уеда во 83.минута го постигна четвртиот гол на натпреварот.
Во последното коло од групата Јапонија игра против Шведска, додека Холандија за ривал го има Тунис.
Репрезентацијата на Тунис по денешниот пораз за едно со Хаити и Турција се без шанса за пласман во следната рунда.
Инаку, дуелот одигран во Монтереј меѓу Јапонија и Тунис беше јубилеен 1.000-ти натпревар на светските првенства.
јуни 21, 2026


