Фудбал
Тотенхем доби премиерлигашко засилување во одбраната
Репрезентативецот на Холандија и досегашен член на Брајтон Јан Пол Ван Хеке е нов играч на премиерлигашот Тотенхем, соопштија од клубот. 26-годишниот играч потпиша договор, а Тотенхем ќе треба на Брајтон да му исплати 60 милиони евра, пренесува Скај спорт.
– Голема е честа да се игра за Тотенхем. Го познавам тренерот и се радувам што повторно ќе соработуваме. Мики Ван де Вен ми кажа многу работи за клубот и едвај чекам да стартувам. Настапував на тој стадион како противнички играч, но се радувам што ќе се појавам во дресот на Тотенхем, изјави Ван Хеке.
Во сезоната 2025/26 Ван Хеке одигра 40 натпревари за Брајтон и постигна три гола, а досега настапувал за Бреда, Хееренвен и Блекбурн.
јуни 20, 2026

