Connect with us

Фудбал

СП 2026: Хет-трик на Меси за убедлива победа на Аргентина над Алжир

Репрезентацијата на Аргентина ноќеска во Канзас го победи Алжир со 3:0 во натпреварот од групната фаза на Светското фудбалско првенството 2026. Трите гола го постигна Лионел Меси.

Капитенот на Аргентинците погоди во 17-та, 60-та и 76. минута.

Триесет и осумгодишниот Аргентинец Меси израмни рекордот на Мирослав Клозе од 16 голови на Светските првенства.

Аргентина освои три бода и се искачи на првото место во Групата Ј. Алжир е на последното место.

Во второто коло на Мундијалот, Аргентина ќе игра против Австрија, а Алжир ќе се соочи со Јордан.

Ad
Ad