Фудбал
Бернардо Силва потпиша за Реал
Реал Мадрид го објави трансферот на фудбалерот за врска Бернардо Силва кој во шпанскиот великан доаѓа од Манчестер сити.
Договорот помеѓу мадридскиот клуб и 31-годишниот Португалец е со важност до крајот на јуни 2028 година.
Фудбалерот беше во Манчестер Сити од јули 2017 година. Во април 2026 година, тој објави дека ќе го напушти премиерлигашот.
Во сезоната 2025/26, Силва има одиграно 53 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и пет асистенции.
Претходно Силва играше за Монако и Бенфика.
јуни 17, 2026


