Фудбал
Манчестер jунајтед заинтересиран за голманот Дарлоу
Манчестер јунајтед размислува да го потпише голманот на Лидс, Карл Дарлоу, како слободен трансфер во летниот преоден рок, објави „The Athletic“.
Лидс има намера да му понуди продолжување на договорот на 35-годишниот Велшанец, додека Јунајтед бара искусен голман како резерва на првиот избор Сене Ламенс, бидејќи се очекува Алтај Баиндир да замине од „Олд Трафорд“.
Дарлоу е во Лидс од јули 2023 година, а неговиот договор е до 30 јуни 2026 година.
Во сезоната 2025/26, голманот прими 29 гола на 24 натпревари, при што пет пати ја зачува мрежата „чиста“.
јуни 12, 2026

