Connect with us

Формула 1

Антонели ја освои Големата награда на Канада, Хамилтон втор

Италијанскиот возач на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, победи синоќа на трката за Големата награда на Канада, петта од шампионатот во Формула 1 во 2026 година. Трката се одржа на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал.

Британскиот возач на Ферари, Луис Хамилтон, заврши втор, 10,768 секунди зад победникот. Третото место му припадна на Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул), 11,276 секунди зад него.

По пет трки, Антонели е лидер во поредокот за возачи со 131 бод, втор е Џорџ Расел (Мерцедес) со 88 бода, трет е Леклер со 75, Хамилтон има 72 на четвртата позиција.

Мерцедес е лидер во поредокот на конструктори со 219 бода, Ферари има 147, Мекларен е трет со 106 бодови.

Следната трка од Формула 1 ќе се одржи во Монако на 7 јуни.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1