Тенис
Сабаленка за поразот од Кирстеа: Чувствував како моето тело да ме ограничува и да не ми дозволува да го играм мојот најдобар тенис
Првиот светски рекет Арина Сабаленка објасни зошто побарала физикална терапија за време на натпреварот со Кирстеа.
Таа го коментираше нејзиниот пораз во третото коло од Мастерсот 1000 во Рим – 6:2, 3:6, 5:7.
Во решавачкиот сет, Белорусинката направи медицинска пауза поради проблеми со долниот дел од грбот.
– Мислам дека играв лошо од самиот почеток до самиот крај. Го започнав натпреварот добро, но потоа моето ниво нагло падна. Чувствував како моето тело да ме ограничува и да не ми дозволува да го играм мојот најдобар тенис. И таа го искористи тоа и играше неверојатно. Практично не ми даде никаква шанса. Тоа беше тежок пораз. Но, како што велат, никогаш не губиме – само учиме. Значи, сè е во ред, нагласи Сабаленка.
Што се однесува до подготовките за „Ролан Гарос“ белоруската тенисерка планира најпрво добро да се одмори.
– Мислам дека е проблем со долниот дел од грбот и е поврзан со колкот – ми отежнува целосно да го ротирам телото кога шутирам. Засега ќе земам неколку дена одмор и ќе се фокусирам на закрепнувањето. Тоа е планот, додаде Сабаленка.
Грен слемот „Ролан Гарос“ ќе се игра во Париз од 18 мај – 7 јуни.
мај 10, 2026

