Connect with us

Свет

Трамп се согласи Иран да игра на Светското првенство во Северна Америка

Претседателот на САД  Доналд Трамп изјави дека се согласува Иран да учествува на Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Северна Америка во јуни и јули.

Коментарите следуваат откако претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека Иран ќе биде дел од турнирот и ќе игра натпревари во САД.

– Ако Џани го кажал тоа, тогаш сум согласен – рече Трамп пред новинарите во Овалната соба. – Знаете што? Нека играат – додаде тој.

Иран треба да игра против Нов Зеланд на 15 јуни и против Белгија на 21 јуни во Лос Анџелес, како и против Египет на 26 јуни во Сиетл.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2