Connect with us

Општини

Национален парк Шар Планина почнува активности за зачувување на кафеавата мечка

Јавната установа Национален парк Шар Планина информира дека како институција се приклучува кон проект насловен „Лајф ДинПин Мечка“ (LIFE DinPin Bear,)  кој до 2031 година ќе се спроведува во девет европски држави со цел заштита на динаро-пиндската популација на кафеавата мечка (Ursus arctos). Како институција, активно ќе придонесат во истражувањата на терен преку мониторинг, трап камери и собирање научни податоци за статусот, распространетоста и движењето на мечките во рамки на паркот.

-Преку проектот ќе работиме на намалување на фрагментацијата на живеалиштата, подобрување на коегзистенцијата човек – мечка, зајакнување на управувањето и законската рамка, поголема прекугранична соработка, вклучување на локалните заедници. Во рамки на тековниот мониторинг, дел од трап камерите беа оштетени – најверојатно од мечки во потрага по храна. Ова е јасен показател за нивното активно присуство и движење низ територијата, се вели во информацијата на НП Шар Планина.

Од таму посочуваат дека превентивните мерки се клучни за избегнување на конфликтни ситуации.

-Апелираме до сите посетители и локално население да не оставаат отпад и остатоци од храна на отворено, да ја почитуваат природата и живеалиштата на дивите животни, велат од Националниот парк.

Според податоците од 2025 година популацијата на мечката во паркот покажува стабилни трендови, забележан е пораст на бројот на младенчиња, најчести предизвици се отпадот и човечкото вознемирување, регистрирани се поединечни случаи на материјална штета. Воедно споделија снимка на која се гледа како една мечка забележува камера за видео-надозр на подрачјето на Шар Планина.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4