Фудбал
Симонс ќе го пропушти СП 2026 година
Чави Симонс, фудбалерот од средниот ред на Тотенхем и Холандија, објави дека претрпел сериозна повреда поради која нема да може да настапи на финалето на Светското првенство во 2026 година.
– Велат дека животот може да биде суров, и јас така се чувствувам денес. Мојата сезона одеднаш заврши, и само се обидувам да го протолкувам тоа. Искрено, скршено ми е срцето. Ништо од ова нема смисла. Сè што сакав беше да се борам за мојот тим, а сега таа можност ми е одземена… заедно со шансата да одам на Светското првенство. Претставувањето на мојата земја ова лето… е само пропуштена можност. Ќе биде потребно време да се помирам со ова, но ќе продолжам да бидам најдобриот соиграч што можам. Не се сомневам дека заедно ќе ја добиеме оваа битка. Ќе одам по овој пат воден од вера, со сила, со упорност, со самодоверба, броејќи ги деновите додека не се вратам на теренот. Бидете трпеливи со мене, напиша 23-годишниот фудбалер на социјалните мрежи.
Симонс заработи повреда на предниот вкрстен лигамент на натпреварот од 34. коло од англиската Премиер лига против Вулверхемптон (1-0). Тој беше заменет во 63. минута и изнесен од теренот на носила.
Во сезоната 2025/26, Симонс постигна шест гола и имаше седум асистенции во 43 натпревари за Тотенхем и Лајпциг. Тој играше во 34 натпревари за репрезентацијата на Холандија (шест гола, пет асистенции).
април 27, 2026

