Connect with us

Фудбал

Навивачите на Милан го исвиркаа Леао за време на натпреварот со Јувентус

Навивачите на Милан го исвиркуваа напаѓачот Рафаел Леао за време на ремито 0:0 синоќа на домашен терен со Јувентус во 34. коло од италијанското фудбалско првенство.

Истото се случи пред две недели на претходниот домашен натпревар против Удинезе (0:3).

Дваесет и шестгодишниот Португалец беше заменет во 80. минута против Јувентус, отстапувајќи му место на Кристофер Нкунку.

Повеќето од навивачите на „росонерите“ свиркаа додека Леао се упатуваше кон резервната клупа. Тој одеше по должината на теренот додека не стигна до клупата, каде што главниот тренер Масимилијано Алегри го поздрави и му рече „Браво“.

Леао нема постигнато гол во Серија А од 1 март, но тој беше асистент за победничкиот гол на Адриен Рабио против Верона минатата недела, а исто така имаше и додавање до Алексис Салемакерс која синоќа ја погоди пречката.

Во сезоната 2025/26, Леао постигна десет гола и имаше три асистенции во 28 натпревари.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4