Connect with us

Фудбал

Конте разочаран од Лукаку

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека е разочаран од однесувањето на неговиот фудбалер Ромелу Лукаку, откако белгискиот репрезентативец не сакал да се поздрави со него во тренинг центарот, по враќањето од рехабилитацијата во Белгија.
Наполи го победи Кремонезе со 4-0 во Серија А во петокот, а Конте одговарајќи на новинарско прашање рече дека немал средба со Лукаку.
Лукаку доби дозвола од клубот да се рехабилитира од повреда на тетивата во Белгија, а по пристигнувањето во Италија, дојде во тренинг центарот каде што се сретна со директорите, но не немаше средба со Конте.
„Знам дека еден од нашите директори разговараше со него, дојде во тренинг центарот, мојата канцеларија е токму таму … но никој не затропа на вратата и тоа навистина ме разочара бидејќи очекував поздрав, порака или нешто слично. Во овие ситуации, тренерот се обидува да ги разбере сите, но никој не се обидува да го разбере тренерот“, рече Конте.
Поради проблеми со повредите, Лукаку одигра само седум натпревари оваа сезона.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4