Connect with us

Фудбал

Фермин: Звучи како клише, но има уште натпревари до крајот на сезоната

Фудбалерот на Барселона, Фермин, изјави по вчерашната победа над Хетафе дека неговиот тим има голема предност пред Реал Мадрид во борбата за титулата во Шпанија, но истакна дека до крајот има уште натпревари.
„Знаеме дека имаме голема предност, но, сепак, сè уште има натпревари. Звучи како клише, но вистина е. Мора да го играме ова до крај пред да станеме шампиони“, рече Фермин.
Барселона е на прагот на втора последователна титула во шпанската Примера откако Фермин и Маркус Рашфорд му донесоа на каталонскиот тим победа од 2-0 против Хетафе во саботата вечер.
Барселона има предност од 11 бодови пред второпласираниот Реал Мадрид, на пет натпревари до крајот на сезоната, вклучувајќи го и „Ел класико“ што ќе се игра на 10 мај на „Камп Ноу“.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4