Connect with us

Вести

Полицијата заплени документи во Општина Булќиза во рамки на истрага за издавање фалсификувани документи за бугарско потекло

Претставници на надлежни албански институции, вклучително и припадници на специјалната полициска  единица „Ренеа”, во зградата на Општина Булќиза, спроведоа истражни дејствија, при што беа запленети документи поврзани со прашањето за фалсификување документи за добивање бугарски пасоши, објавија медиумите. 
 
Проверките се фокусирале на документација на административната единица Острени, област Голо Брдо и процедурите за издавање уверенија за граѓански статус. 
 
-Ова не е првпат  административната единица Острени, која територијално припаѓа во Општина Булќиза,  да биде вклучено во вакви истраги. Во декември 2023 година, полицијата уапси тројца општински службените, вклучувајќи го и тогашниот администратор на Острени, Љуан Мјештри, брат на градоначалничката на општината, Фестиме Мјештри, како и уште двајца локални вработени, наведуваат медиумите. 
 
Тие беа обвинети за издавање потврди за „етничко бугарско потекло”  кои потоа биле користени за добивање бугарски пасоши.  
 
Според истрагите во тоа време, фалсификуваните потврди биле продавани за парична награда по најмалку 500 евра. Потоа потврдите служеле за регистрација на граѓаните во здружението „Голо Брдо“, како чекор кон добивање бугарско државјанство. 
 


Како што претходно соопшти полицијата во операцијата „Идентитет” беа уапсени  актуелниот администратор на административната единица Острени, Ндричим Суља (53), како и неговиот претходник, Бајрам Мета (62), кои ќе бидат кривично гонети за злоупотреба на службена должност и фалсификување документи.  
 
Исто така на граничниот премин „Блато“, кај Дебар, на излез од Албанија, уапсено е лицето Е.Т. (49) жител на Софија, откако се обидел да ја премине границата со фалсификувани документи за 21 албански граѓанин, со цел да им обезбеди бугарски пасоши.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3