Connect with us

Вести

Мицкоски – Витакер: Заедничко дејствување како одговор на современите безбедносни закани

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Метју Г. Витакер, постојан претставник на Соединетите Американски Држави (САД) при НАТО, на која се разговарало за зајакнување на соработката во рамки на Алијансата, како и за актуелните безбедносни предизвици и заедничките приоритети во насока на унапредување на регионалната и глобалната стабилност.

-На средбата ја истакнавме важноста од континуирана координација, партнерство и заедничко дејствување во одговор на современите безбедносни закани – напиша Мицкоски на неговиот Фејсбук-профил.

Средбата, како што нагласува е дел од напорите за продлабочување на сојузништвото и унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и САД во областа на безбедноста и одбраната.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4