Connect with us

Фудбал

Карик по натпреварот против Евертон: Брутален финиш, ми се допадна

Привремениот тренер на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, ја коментираше победата од 1:0 над Евертон остварена синоќа на гостински терен во 27. коло од англиската Премиер лига.

– Беше натпревар со одлична завршница. Немилосрден финиш. Ми се допадна начинот на кој Шешко ја реализираше шансата со вистинска самодоверба. Куња и Мбемо го поставија нападот совршено, а ние сме опасни во контранападот, изјави Карик за „Скај Спортс“.

Манчестер јунајтед се искачи од петтото на четвртото место на табелата во англиската Премиер лига (48 бода по 27 натпревари).