Connect with us

Кошарка

Премиерната сезона на НБА Европа стартува во октомври 2027

Заменик комесарот на НБА лигата, Марк Тејтум, потврди синоќа дека првата сезона на НБА Европа е закажана да почне во октомври 2027 година.
„Градиме систем што ќе им користи на европските клубови почнувајќи од октомври 2027 година. На крајот од месецот, понудите ќе бидат финализирани, а потоа ќе минеме низ нашиот процес. Нема специфична временска рамка за објавување, мора да ги завршиме преговорите со клубовите за да започнеме во октомври 2027 година“, рече Тејтум, цитиран од порталот Баскет Њуз.
Тејтум додаде оти НБА е подготвена да продолжи со овој проект заедно со Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) и нејзините партнери доколку не се постигне договор со Евролигата, иако разговорите меѓу двете страни сè уште се во тек.
„Веруваме дека сите страни мора да бидат согласни и ние сме реални, подготвени сме да продолжиме со ФИБА и нашите партнери доколку е потребно. Состанокот со Евролигата ќе се одржи во следните неколку недели“, најави Тејтум.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1