Кошарка
Шпанецот Наваро нов тренер на кошаркарите на Црвена ѕвезда
Белградска Црвена ѕвезда избра нов тренер по разочарувачкиот крај на сезоната во кошаркарската Евролига, јавија синоќа српските медиуми.
Според „Меридијан спорт“, нов тренер на Црвена ѕвезда ќе биде Ибон Наваро, откако двете страни постигале договор.
Педесетгодишниот Наваро изминатите четири сезони го предводеше шпанскиот прволигаш Уникаха, освојувајќи вкупно седум трофеи.
Наваро на клупата на Црвена ѕвезда ќе седне на местото на Саша Обрадовиќ.

