Connect with us

Кошарка

Панатинаикос му нуди рекордна плата на Обрадовиќ

Грчкиот кошаркарски гигант Панатинаикос сака да го врати на својата клупа трофејниот тренер Жељко Обрадовиќ и подготвен е да му понуди рекордна плата, јавија денеска српските медиуми.
Иако Турчинот Ергин Атаман е сè уште на клупата на Панатинаикос, се погласни се шпекулациите дека неговата позиција е под закана.
Според Меридијан спорт, Обрадовиќ е прв избор на сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, а атинскиот гигант е подготвен да му понуди на 66-годишниот српски стратег двегодишен договор вреден 10 милиони евра со што би станал најплатен тренер во Европа.
Обрадовиќ освои пет од своите девет титули во Евролигата со Панатинаикос во периодот од 1999 до 2012 година

Маркетинг
Ad 1
Ad 1