Connect with us

Кошарка

Берокал го објави поширокиот список за дуелите со Р.Ирска и Луксембург

Селекторот на машката кошаркарска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, го објави поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од третиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот 2029. Во јулскиот ФИБА „прозорец“ од претквалификацискиот циклус, нашите најдобри кошаркари ќе одиграат два натпревара против Република Ирска (дома) и Луксембург (гости).

Список на играчи: Ненад Димитријевиќ, Андреј Јакимовски, Адем Мекиќ, Лејсон Зеќири, Валмир Какруки, Резарт Мемед, Андреј Шошкиќ, Павел Иванов, Војдан Стојановски, Андреј Маслинко, Марин Петков, Виктор Ташовски, Страхил Николов, Стојан Ѓуроски, Мухамед Тачи, Рубин Стефанов – Ангели, Виктор Ефремовски, Андреј Митревски, Лука Стојановски, Никола Бојчев, Теодор Симиќ, Амар Хот, Марко Луканоски, Петар Бошалески, Михаил Наумоски.

Првиот официјален собир е закажан за 15. јуни, со почеток во 10. часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Македонската селекција натпреварите ги игра на 2.јули со Република Ирска и на 5.јули со Луксембург.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1