Фудбал
Медиуми: Марко Силва ќе биде наследникот на Мурињо во Бенфика
Тренерот на Фулам, Марко Силва, ќе го напушти лондонскиот премиерлигаш за да седне на клупата на Бенфика, јавија денеска англиските медиуми.
Според лондонски „Телеграф“, португалскиот стратег ќе заработува нешто повеќе од чети милиони фунти годишно во Бенфика и ќе го наследи својот сонародник Жозе Мурињо, за кого се очекува да го преземе шпанскиот клуб Реал Мадрид.
Фулам сакаше да го задржи Силва со долгорочен договор, но Португалецот одлучи д замине по пет успешни сезони, од кои последната клубот ја заврши на 11. место на табелата.
јуни 3, 2026
