Connect with us

Фудбал

Тедеско на клупата на Болоња

Италијанскиот фудбалски прволигаш Болоња објави денеска дека потпиша договор со тренерот Доменико Тедеско до јуни 2028 година, со можност за продолжување на соработката за уште една година.

Четериесетгодишниот Тедеско ќе го наследи Винченцо Италијано, кој минатата недела го раскина договорот со клубот кој го предводеше две години.

Тедеско беше отпуштен од Фенербахче во април откако го презеде клубот минатиот септември со двегодишен договор по заминувањето на Жозе Мурињо.

„ФК Болоња може да го потврди назначувањето на Доменико Тедеско за нов тренер. Тедеско потпиша договор до 30 јуни 2028 година со можност за продолжување за една година“, се вели во соопштението на калчолигашот.

Тедеско ја почна својата тренерска кариера во 2017 година во германскиот клуб Ауе и оттогаш ги водеше Шалке 04, Спартак Москва и РБ Лајпциг, а од 2023 до 2025 година беше белгиски селектор.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1