Фудбал
Милнер стави крај на фудбалската кариера
По 24 сезони одиграни во екипи од Премиер лигата Џејмс Милнер на 40. години одлучи да стави крај на својата фудбалска (играчка) кариера. Првиот натпревар го одигра во дресот на Лидс на 16-годишна возраст, а потоа настапуваше за екипите на Њукасл, Астон Вила, Манчестер Сити, Ливерпул и последните сезони беше дел од тимот на Брајтон.
– По 24 сезони во Премиер лигата, се чувствувам како вистинско време да ставам крај на мојата играчка кариера“, изјави Милнер.
Милнер е рекордер по бројот на настапи во Премиер лигата 658, а има освоено три титули (две со Манчестер Сити и една со Ливерпул), како играч на Ливерпул стана и европски првак, а има и два ФА купа, два Лига купа и Светско клупско првенство.
Како репрезентативец на Англија настапи на по две Светски и Европски првенства и забележа 61 настап. Најчесто го носеше дресот со број 7, а последната сезона во Брајтон настапуваше со бројот 20 во чест на поранешниот соиграч од Ливерпул Диого Жота, кој животот го загуби во сообраќајна несреќа минатото лето.
јуни 2, 2026
