Хроника
Во напуштена куќа во општина Старо Нагоричане пронајдени бомби и гранати од Првата Светска Војна
Во село Челопек, општина Старо Нагоричане во напуштена куќа биле пронајдени две рачни бомби и две запалки за гранати од Првата светска војна, соопшти денеска СВР Куманово.
– Во СВР Куманово е пријавено дека во напуштена куќа во село Челопек, општина Старо Нагоричане, пронајдени се две рачни бомби и две запалки од артилериски гранати 76 мм кои потекнуваат од Прва светска војна. Вчера, бомбите безбедно се подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, наведуваат од кумановската полиција
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
мај 28, 2026
