Хроника
Изгаснат пожарот што избувна во Радовиш, изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“
По повеќе од шест часови изгаснат е големиот пожар кој избувна синоќа во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“, каде изгореа магацин и машини, соопштија од ТППЕ Радовиш.
Според информацијата од радовишките пожарникари, при гаснењето неколку пожарникари вдишале чад и се здобиле со полесни изгореници, но сите кои учествувале во гаснењето се чувствуваат добро.
Пожарот го гаснеа пожарникари од ТППЕ Радовиш, а на помош биле повикани пожарникари од Струмица, како и доброволното против пожарно друштво од Конче.
Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат од страна на надлежните служби кои веќе се излезени на терен
мај 25, 2026
