Connect with us

Тенис

Синер до новинарите: Немам ништо против Вас

На ден пред почетокот на Ролан Гарос во центарот на вниманието се прес конференциите на врвните тенисери кои остануваат доследни на борбата што ја водат против организаторите. Основната цел е дека тенисерите и тенисерките добиваат мал дел од приходите, кои ги остваруваат организаторите.

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер пред новинарите беше според договорените 15 минути.

–  Да видиме како ќе реагираат и другите Гренд слем турнири, а потоа ќе донесеме одлука. Немаме ништо против Вас новинарите. Среќни сме дека ги извршуваме своите обврски, само сега ги ограничивме – временски. Не зборуваме за наградниот фонд, туку за пензиите, а тоа е важна тема. Не знаеме кога почнуваат Гренд слем турнирите, три од четири почнуваат во недела, сакаме малку и за тоа да зборуваме, изјави Синер на пресот пред Ролан Гарос.

Во отсуство на Карлос Алкараз, италијанскиот тенисер е прв фаворит за освојување на пехарот оваа година.

Ad
Ad