Connect with us

Останати спортови

Етиописка атлетичарка почина на тренинг

Етиопската атлетичарка Јебргуал Мелесе (36) почина за време на тренинг, објави денеска Етиопската атлетска федерација.
Мелесе се онесвести за време на подготовките за настап на претстојниот маратон во Отава, а лекарите и покрај брзата интервенција не успеаја да го спасат нејзиниот живот.
„Етиопската атлетска федерација изразува длабоко жалење поради ненадејната смрт на оваа херојска атлетичарка и им изразува сочувство на нејзиното семејство, пријателите и обожавателите“, се вели во соопштението.
Мелесе се подготвуваше за настап на маратонот во Отава, закажан за 24 мај.
Во својата кариера, Мелесе победи на маратоните во Прага, Хјустон, Шангај и Сеул, а еден од своите најголеми успеси го постигна во 2015 година кога го освои второто место на престижниот маратон во Чикаго.
Нејзиниот последен настап беше во мај лани на маратонската трка во Пекинг, која не успеа да ја заврши.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1