Останати спортови
„Шаховскиот Меси“, Фаустино Оро, втор најмлад велемајстор во историјата
Аргентинецот Фаустино Оро, честопати нарекуван „шаховскиот Меси“ стана вториот најмлад велемајстор во историјата на шахот на возраст од 12 години шест месеци и 26 денови.
Оро на вечната листа најмлади велемајстори го потисна од второто место Сергеј Карјакин (12 години и седум месеци), додека светскиот рекорд на Американецот Абхимању Мишра (12 години, четири месеци и 25 денови) остана за малку недостижен.
Успехот на Оро добива уште поголема тежина бидејќи тој е првиот шахист во светот кој ја освои велемајсторската титула под новите, поригорозни критериуми на ФИДЕ, кои наложуваат задолжително освојување на норми на силни меѓународни отворени турнири.
Оро ја исполни првата норма на турнирот во Мадрид, во септември 2025 година, по што следуваа успешните настапи во Буенос Аирес, во декември 2025 и претходно овој месец во Сардинија.

