Останати спортови
Македонските одбојкарки ги почнаа подготовките за Европската лига
Македонската женска одбојкарска репрезентација денеска под водство на новиот селектор Милош Гавриловиќ ги почна подготовките за настапот во Европската лига, која од оваа година, воедно, ќе ја има улогата на квалификациски циклус за следниот континентален собир во 2028.
На првиот собир во Скопје селекторот Гавриловиќ повика 26 одбојкарки.„Посакувам среќа, дадете сè од себе, тоа е единственото што го барам од вас и се надевам дека со добра комуникација и дисциплина заедно ќе постигнеме многу“, порача Гавриловиќ во поздравното обраќање до репрезенативките.
Според програмата репрезентацијата комплетните подготовки ќе ги одработи во СЦ „Форца“ во Скопје, а во пресрет на првиот турнир ќе одигра пријателски натпревари со селекцијата на Косово, на 29 и 30 мај.
Македонските одбојкарки ќе стартуваат во Европската лига 2026 на 5 јуни со турнир во Порто.

