Connect with us

Ракомет

Вардар е нов Македонски ракометен шампион

Ракометарите на Вардар во дуелот од 7.коло од плеј офот од Супер лигата вечерва го совладаа актуелниот првак Еурофарм Пелистер со 34:19 (18:12). Со новите два бода „црвено-црните“ стигнаа до 56 бодови или осум повеќе од вториот Охрид што воедно значи недостижна предност на три кола до крајот на првенството и нова шампионска титула за Вардар.

Натпреварот беше далеку од дерби бидејќи „црвено-црните“ имаа целосна доминација и контрола над резултатот, на полувреме беше 18:12. Во вториот дел со нова серија ракометарите на Вардар стигнаа и до двоцифрена предност.

Најефикасен на дуелот беше Урош Митровиќ од Вардар со 7 голови, додека Јака Малус постигна 6, а голманот Гогов имаше 4 одбрани (3 седмерци).

За Вардар ова е 16.та титула првак и ја прекина серијата од три шампионски титули на Еурофарм Пелистер, а воедно сезонава е освоена и двојна круна по триумфот во Купот.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3