Connect with us

Ракомет

Европскиот првак Магдебург е четвртиот учесник на Ф4 турнирот во Келн

Актуелниот европски шампион Магдебург со две победи во четвртфиналето од Лигата на шампионите се избори да ја брани титулата. Вечерва пред своите навивачи го совладаа ПИК Сегед со 45:37, а на првиот дуел беше 35:28 за германската екипа.

Воедно Магдебург е четвртиот тим што избори учество на завршниот турнир Ф4 во Келн, откако вчера полуфинале изборија: Барселона, Алборг и Фуксе Берлин.

Завршниот турнир ќе се игра во „Ланксес Арена“ на 13 и 14. јуни.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3