Connect with us

Ракомет

Ракометните репрезентативци имаат собир во недела за бараж дуелите со Словачка

Селекторот на машката македонска репрезентација Кирил Лазаров го закажа собирот за бараж дуелите од Светското првенство со Словачка на 10.мај (недела). Воедно Лазаров го скрати списокот на 20 играчи, кои треба да бидат во хотелот „Александар Палас“ во 13:30 часот.

На списокот се наоѓаат: Мартин Томовски, Никола Митревски, Васил Гогов (голмани); Петар Атанасијевиќ, Иван Џонов, Ненад Костески, Александар Петковски (крила); Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ, Марко Митев, Игор Ѓорѓиев, Мартин Ивановски, Мартин Велковски, Томислав Јагуриновски, Филип Николов (бекови); Милан Лазаревски, Марко Стојковиќ, Самоил Ристевски, Валентин Карасманакис (пикери) и Михаил Аларов (дефанзивец).

Првиот натпревар се игра во Прешов на 14.мај (четврток), а реваншот е во Скопје на 17.мај во СЦ „Борис Трајковски“. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 3