Останати спортови
Сабаленка и Анисимова во финалето на УС Опен

Белоруската тенисерка број еден во светот, Арина Сабаленка и Американката Аманда Анисимова (ВТА-9) ќе играат во финалето на грен слем турнирот во Њујорк.
Сабаленка избори финале на УС Опен, откако синоќа јапобеди четвртата тенисерка во светот Џесика Пегула од САД во три сета, со 4:6, 6:3, 6:4.
Дуелот траеше два часа и седум минути.
Сабаленка, која ја брани титулата на УС Опен која ја освои минатата година со победа над Пегула, ќе игра во финалето против Анисимова, која во полуфиналето ја победи Јапонката Наоми Осака (ВТА – 24) со 6:7, 7:6, 6:3 во дуел што траеше два часа и 58 минути.
Ова е второ грен слем финале за Анисимова, откако годинава играше и во финалето на Вимблдон, додека Сабаленка трета година по ред дојде до финалето во Њујорк.
септември 5, 2025