Фудбал
Торал ја напушта клупата на Виљареал
Шпанскиот прволигаш Виљареал објави денеска дека 60-годишниот тренер Марселино Гарсија Торал ќе го напушти клубот на крајот од сезона.
Заминувањето ќе се случи иако Гарсија Торал му обезбеди на клубот пласман во Лигата на шампиони следната сезона.
На четири кола до крајот на шпанската сезона, Виљареал е на третото место и сигурно ќе остане меѓу првите четири екипи во Ла Лига.
Торал во кариерата два пати го водеше Виљареал, првиот пат од 2013 до 2016 година, а вториот мандат го почна во 2023.
мај 5, 2026

