Фудбал
Шиков повеќе не е дел од стручниот штаб на А репрезентацијата
Фудбалската федерација на Македонија информира дека Ванче Шиков повеќе не е дел од стручниот штаб на А репрезентацијата на Македонија.
Селекторот Гоце Седлоски во наредниот период дополнително ќе одреди замена на неговата позиција.
Во објавата на ФФМ се искажува благодарност на Ванче Шиков за досегашниот ангажман и придонесот во работата со националниот тим и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера.
мај 5, 2026

