Фудбал
ПМФЛ: АП Брера триумфираше во Струга, по бод за Тиквеш и Арсими
Во двата завршни натпревари од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), АП Брера извојува гостинска победа над Струга со 1-0, додека Тиквеш и Арсими одиграа нерешено 1-1 во Кавадарци.
Фудбалерите на АП Брера освоија важни бодови во битката за опстанок, триумфирајќи над третопласираната Струга со голот на Петровиќ во 88 минута, откако домашниот тим остана со фудбалер помалку на теренот поради исклучувањето на Хамза во 71 минута.
На дуелот во Кавадарци, домашниот им дојде во водство со голот на Рамадани во 24. минута, а само пет минути подоцна Гони го постави конечниот резултат, Тиквеш од 19. минута играше со фудбалер помалку, откако Камара доби директен црвен картон.
Табела: Вардар 74, Шкендија 68, Струга 63, Силекс 53, Тиквеш 41, Башкими 40, Арсими 39, АП Брера 36, Пелистер 33, Македонија ЃП 30, Работнички 29, Шкупи 1.
мај 4, 2026

