Фудбал
Историска титула за Тун во Швајцарија
Шампионската трка во швајцарското фудбалско првенство денеска официјално заврши со историски триумф на Тун во чиј редови настапува македонскиот репрезентативец Елмин Растодер.
На три кола до крајот на првенството, Тун е првопласиран со 74 бодови, недостижни 11 повеќе од второпласираниот Сент Гален, кој попладнево загуби на домашен терен од Сион со 3-0.
За Тун ова е првата шампионска титула во 128-годишната историја на клубот, откако минатата сезона избори пласман во Супер лигата, по петгодишно отсуство.
Македонскиот репрезентативец Растодер даде голем придонес во освоената титула, постигнувајќи 13 голови, а додаде и шест асистенции.
мај 4, 2026

