Останати спортови
Американката Волш постави светски рекорд на 100 метри пеперутка
Американската пливачка Гречен Волш постави нов светски рекорд на 100 метри пеперутка, испливувајќи ја патеката на митингот во Форт Лодердејл со време од 54,33 секунди.
Волш за 27 стотинки го подобри стариот светски рекорд што, исто така, беше во нејзина сопственост од минатиот мај во истиот базен.
Американската пливачка, која освои три златни медали на ланското Светско првенство во Сингапур, сега има време за повеќе од една секунда подобро од втората најбрза пливачка во историјата, Швеѓанката Сара Сјострем (55,48).
мај 4, 2026

