Connect with us

Останати спортови

Мексиканецот Бенавидез светски првак и во трета категорија

Мексиканскиот боксер Давид Бенавидез со победа над сонародникот Гилберто Зурд Рамирез во Лас Вегас ги освои титулите во крузер категорија во верзиите WBA и WBO, со што ја освои круната во третата категорија во тежина.

Бенавидез (29), кој е шампион во суперсредна и полутешка категорија, остана непоразен во својата 32 борба, нокаутирајќи го Рамирез во шестата рунда.

Од своето професионално деби, Бенавидез во 26 свои борби победи со нокаут. Од друга страна, за 34-годишниот Рамирез ова беше само вториот пораз во 50 борби.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3