Connect with us

Фудбал

Порто по 31. пат португалски првак

Две кола пред крајот на сезоната во португалската Примеира лига, фудбалерите на Порто ја освоија шампионската титула со триумфот синоќа на домашен терен од 1-0 над Алверка.

Пред завршните две кола, Порто има 85 бодови, недостижни девет повеќе од второпласираната Бенфика, која во саботата одигра само 2-2 на гостувањето кај Фамаликао.

Третопласираниот Спортинг заостанува три бодови зад Бенфика, со натпревар помалку.

За Порто ова е 31 шампионска титула во португалскиот фудбал, а рекордер останува Бенфика со 38 титули.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3