Connect with us

Свет

Рекорден број насилни дела на екстремната десница во Германија од 2016 година

Германската полиција минатата година регистрирала најголем број насилни кривични дела мотивирани од екстремно десничарска идеологија од 2016 година наваму, покажува одговорот на сојузната влада на пратеничко прашање од опозициската партија Левица.

Според документот, во кој увид имала агенцијата ДПА, германските сојузни покраини до Федералната криминалистичка служба (БКА), заклучно со 31 јануари 2026 година, пријавиле вкупно 1.598 вакви дела за 2025 година. Во најголем број случаи, истрагите се воделе под сомнение за нанесување телесни повреди или тешки телесни повреди. Претходната година биле регистрирани .1488 вакви дела, а во 2023 година – 1.270 насилни кривични дела со екстремно десничарска позадина.

Бројките за 2025 година може дополнително да растат поради доцнење во пријавувањето, бидејќи податоците прво се доставуваат од покраините до БКА, а политичката мотивација на делото понекогаш се утврдува во текот на истрагата.

Кога се разгледуваат сите кривични дела со десничарски мотив во 2025 година, се забележува благо намалување – од 42.788 на 42.544 случаи. Типични политички мотивирани кривични дела се навреда на државата и на нејзините симболи, поттикнување омраза и клевети. Во категоријата насилни дела спаѓаат убиства, телесни повреди, нарушување на јавниот ред и мир, опасно попречување на сообраќајот, лишување од слобода и давање отпор на службени лица.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2