Фудбал
Ал Ахли ја одбрани титулата во азиската ЛШ
Фудбалерите на саудиски Ал Ахли ја одбранија титулата во азиската Лигата на шампиони, совладувајќи го јапонски Мачида Зелвија со 1-0 по продолжение во финалето во Џеда.
Победоносниот гол го постигна Ал Бураикан во 96. Минута, а Ал Ахли до триумфот дојде со фудбалер помалку на теренот поради исклучувањето на Ал Хавсави во 68 минута.
Со триумфот, Ал Ахли стана првиот клуб што ја одбранил титулата во азиската Лига на шампиони од 2005 година, кога то му успеа на Ал Итихад.
Минатата сезона, Ал Ахли, исто така, славеше со победа во финалето против јапонски Кавасаки.


